Поранешната германска канцеларка Ангела Меркел изјави дека сакала да воспостави европски формат за разговори кој би ги вклучувал францускиот претседател Емануел Макрон и рускиот претседател Владимир Путин за да се постигне надминување на тензиите крај украинската граница пред да се повлече од должноста, но дека имало противења а таа била
Во разговорот за весникот Der Spiegel, Меркел вели дека сакала да го воспостави тој формат во летото 2021 година.
„Некои се противеа, јас повеќе немав сила да го придвижам напред. Ннемав повеќе авторитет тоа да го протуркам, бидејќи на крајот од краиштата веќе сите знаеја: таа наесен си заминува должноста“, оценува најдолговечната германска канцеларка.
Меркел своето повлекување од должноста и од политиката го најави со месеци пред германските парламентарни избори во септември 2021-ва. Составувањето на владејачката коалиција траеше извесно време и конечното примопредавање на должноста беше извршено во декември, а дотогаш таа беше во технички мандат.
Русија својата воена инвазија во Украина ја започна на 24-ти февруари, два месеца подоцна со образложение дека сака да спречи погром од страна на украинската војска врз руското и рускојазичното население во југоисточните одметнати украински региони. Претходно во декември САД и НАТО го отфрлија предлогот на Москва за постигнување обврзувачки договор за руската безбедност дека Алијансата нема да се проширува кон руските граници, особени со прием во членството на Украина и Грузија.
Меркел во интервјуто признава дека на крајот од својот мандат не можела да влијае врз развојот на ситуацијата околу Украина и да постигне нов формат на преговори меѓу Русија и ЕУ. Вели дека доколку донела одлука повторно да се кандидира на должноста, и натаму ќе барала средба со рускиот претседател.
Во август 2021 година Меркел патувала во Москва, што беше нејзината последна посета на руската престолнина, а за Der Spiegel открива како тогаш се чувствувала. Меѓутоа, во текот на нејзината проштална посета на Москва, Меркел почувствувала дека нејзиното време во контекстот на политичката моќ поминало.
„Тоа чувство беше сосема јасно. Што се однесува до политичката моќ вие сте готови. А на Путин само моќта му е важна“, вели Меркел.
Нагласува дека тие прашања не се однесуваат само на ситуацијата во Украина, туку и на тензиите меѓу рускиот регион Придњестровје и Молдавија, Грузја и Абхазија, како и конфликтите во Сирија и во Либија. Меркел истакнува притоа дека „дојдено е времето за нов пристап“.
Истакнува дека почетокот на руската инвазија за неа не претставувало изненадување, имајќи предвид дека Киев не ги почитувал договорите од белоруската престолнина Минск.
„Во летото 2021-ва по средбата на претседателите Бајден и Путин, јас заедно со Емануел Макрон повторно сакав да воспоставам независен европски формат за разговори со Путин во Советот на ЕУ.
Меркел беше иницијатор на ткн Нормандиски формат, рамката договорена кон средината на 2014 година по превратот во Киев и војната на украинските сили против одметнатите проруски региони Доњецк и Луганск. Овој формат го сочинуваат Германија, Франција, Русија и Украина а се посредуваше во разговорите меѓу Киев и проруските водства на двата региона кои по насилната смена на власта во Киев, смената на нивните гувернери и забраната на рускиот јазик како службен прогласија ткн Народни републики.
Форматот ги донесе Договорите од Минск до 2014 и 2015 година, познати како Минск 1 и Минск 2, со кои Доњецк и Луганск требаше да добијат специјален статус во рамките на Украина со широка автономија. Но договорите никогаш не се остварија, а украинскиот претседател Владимир Зеленски пред почетокот на руската инвазија во февруари изјави дека во Киев никогаш и немале намера да го исполнат.
Пред извесно време поранешниот руски премиер Сергеј Степашин изјави за руските медиуми дека токму Меркел била главниот политичар кој го убедил Путин да ги потпише договорите од Минск. Според него, без тие договори Русија уште тогаш би можела да го реши „ослободувањето на ткн Нопворусија од нацистите“.
Откако ја напушти канцеларската должност, критичарите ѝ забележуваат на Меркел дека Германија ја направила премногу зависна од руските енергенси, а особено од гасот. Но тоа беше и причината за германскиот економски бум и одржување на позицијата најсилна економија во Европа и една од најголемите во светот, одговараат почитувачите на нејзините политики.
Пред заминувањето од должноста владата на Меркел беше под силен притисок на западните сојузници, во прв ред САД бараа да се прекине издавањето дозволи за работа на гасоводот Северен тек 2. Берлин повеќепати одговараше дека станува збор за инсистирање на Вашингтон да го продава во Европа својот поскап течен природен гас (LNG).
Со почетокот на украинската војна овој проект беше суспендиран, а кон крајот на септември се случи истекувања на гасоводите Северен тек 1 и Северен тек 2 во Балтичкото Море. Данска, Шведска и Германија спроведоа сопствени истраги и потврдија дека станува збор за саботажа, но одбиваат да го именуваат извршителот. Русија, пак, тврди дека зад експлозиите на цевководите стои Велика Британија.