Денеска Филип Ѓорѓиев, потпретседател на УМС на ВМРО-ДПМНЕ при гостување во утринската емисија на радио „Лидер“ потсети дека СДСМ дојде власт преку грбот на студентите и ветуваа студентски град, повисоки стипендии и реновирани студентски домови, но за жал реалноста е поинаква. Имено, студентите од СДСМ не ги добија ветените проекти, туку власта дури и ги заборави.
– Иако на власта не успеа да го киднапира протестот на студентите, тие после протестот успеаја да извадат една слика заедно премиерот Ковачевски со порака еве ги решивме проблемите, се видовме, јас сум отворен и ги слушам барањата на студентите итн. Тоа беше само замачкување на очи на јавноста бидејќи проблемите на студентите ниту се решени, а ниту се почнати да се решаваат. Сите знаеме СДСМ како дојде на власт и тоа на грбот на студентите, рече Ѓорѓиев.
Ѓорѓиев додаде дека власта воопшто не поработи на тоа студентите да добијат подобри услови. Со текот на годините со секој ребаланс на Буџетот стриктно кратеа од ставката образование.
– Ние максимално ги поддржуваме протестите на студентите. Додека траеше целиот процес на одлучување конкретно за студентскиот оброк, колкав да биде износот и сл. ВМРО-ДПМНЕ имаше предлог и за зголемување на 160 денари што СДСМ го одби во Собрание, рече потпретседателот на УМС на ВМРО-ДПМНЕ.
Тој посочи дека на власта „решение“ е да се одложи решавањето на проблемот.
– Се надевам дека протестот ќе се прошири и во останатите градови, затоа што има факултети во останати градови. Има студенти од сите градови. Не се студентите само во Скопје, укажа Ѓорѓиев.