![policija 4](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2022/11/policija-4.jpg?resize=696%2C334&ssl=1)
На 27.11.2022 околу 05:10 часот во близина на крстосница „Богородица“ на локалниот пат Гевгелија – Богданци, полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор и граничен премин Богородица забележале како од патничко возило „мерцедес“ излегле повеќе лица мигранти, по што возилото продолжило во правец на автопатот А1 кон наплатната рампа Смоквица и не застанало на знак за запирање даден од полициските службеници.
По преземени мерки и пребарување на теренот биле пронајдени 13 лица мигранти од Сирија, а било пронајдено и возилото.
Мигрантите биле спроведени во Прифатно-транзитниот центар „Винојуг“ во Гевгелија. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.