Онишченко за Сител: Не сум поднел ниту еден спорен документ

Сите документи со кои го добив македонското државјанство се легални, тврди контроверзниот украинец Олександар Онишченко. Во пишана комуникација за Сител, Онишченко вели дека во ниту еден момент не користел лажни документи, а неговата реакција следи откако македонската влада ја стартуваше постапката за одземање на неговото државјанство, а единствен начин тоа да го направи е да утврди дека Онишченко при поднесувањето на барањето дал невистинити и неточни информации или исправи.

Премиерот Ковачевски ниту денеска не открива како ќе тече постапката за одземање на државјанството на Онишченко, но повторно го повика МВР што поскоро да го расчисти собранискиот инцидент со протекување на изјавата на директорот на АНБ од затврената седница. Откако ова ќе се расчити Ковачевски вели дека и собранието ќе може да утврди одговорност.

Од мвр велат дека Секторот за компјутерски криминали работи на расчистување на случајот, а јавноста ќе биде информирана кога ќе се утврди кој е виновен за овој пропуст.

Опозицијата пак секојдневно бара одговорност од врвот на власта.

Истрагата треба да се прошири и да се утврди дали Ковачевски, Спасовски и Димовски знаеле и го одобриле доделувањето на државјанство на Онишченко кој што се наоѓа на црната листа на САД. Оттука логично се поставува прашањето колку случаи како Онишченко одобрила оваа власт, колку криминогени ликови добиле македонско државјанство и колку пари заработиле тие кои тоа го аминувале, се вели во реакцијата на опозицијата