Бразил е во осминафинале, Касемиро го проби швајцарскиот бедем

Бразил е вториот осминафиналист на Светското првенство. После светскиот првак Франција и „кариоките“ ја остварија втората победа на Мундијалот совладувајќи ја Швајцарија со 1:0.

Без повредениот Нејмар, избраниците на Тите долго бараа решение за одбраната на Швајцарците, ја проби прво Винисиус Жуниор, но голот не беше признат поради офсајд ситуација во која се најде претходно Ришарлисон.

Конечно, во 83.минута, Касемиро ја презеде улогата на Нејмар, распали откосо од левата страна во шеснаесетникот и погоди во спротивниот агол за водство и триумф на Бразил.

Швајцарците сега ќе имаат пресметка во третото коло против Србија за пласман во нокаут фазата од втората позиција.