Каратистите со огромен успех во Истанбул

Во Премиер лигата Карате 1 Истанбул Опен македонските карате репрезентативците постигнаа огромен успех.

Во лигата настапија 30-тина каратисти сениори од Македонија кои “бркаат” поени за влез во репрезентацијата за сениорското светско првенство 2014.

Освоен е само еден ,бронзен медал во сениорки ката тим (близначките Мишела и Маријана Димоски,и Поликсенија Јованоска) и две 5ти места поединечно ката Пулоксенија Јованоска и Берат Јакупи во борби.

IMG_20140907_170622

На државниот празник 8 Септември-денот на осамостојувањето ,подарок за Македонија од карате репрезентативците од ККРонин (Маријана и Мишела Димоски и Поликсенија Јованоска) донесоа БРОНЗА ОД СЕНИОРСКАТА КАРАТЕ 1 ПРЕМИЕР ЛИГА ИСТАНБУЛ 2014 каде настапија најдобрите сениорски репрезентативци од 57 земји,меѓу кои Иран,Турција,УСА,Јапонија,Франција,Италија,Русија,Кувајт,УАЕ,Катар,Тајланд,Шведска,Данска,Хрватска,Хонг Конг,Египет,Саудиска Арабија,Малезија,Филипини,Португалија,Финска,….

За многу земји карате 1 Премиер Лигата е филтер за избор на нивните најдобри каратисти за настап на Светското сениорско првенство во Бремен-Ноември.

До овој огромен успех македонскиот ката тим стигна со победи над познатите и искусни тимови носители на медали од светски првенства тимот на Иран,и тимот на Русија кои беа совладани од нашиот млад и нов тим на кого ова му беше прв сениорски настап.

IMG_20140907_170652

Иако најмлади на овогодишното издание на елитното натпреварување WKF-Карате 1 pремиер Лига близначките Mаријана и Мишела Димоски (16) се искусни натпреварувачки во јуниорска категорија каде во Јуни од Умаг се вратија и двете со бронзени медали од Светскиот Куп за јуниори,а на почетокот на 2014 освоија бронза на Европското јуниорско првенство во Лисабон.Двете близначки заедно со Поликсенија Јованоска (20) која исто така освои бронза од ЕП Лисабон,сребро од светско студентско првенство,создаден е силен и перспективен сениорски тим кој веднаш на првиот сениорски настап направи сензација победувајки го тимот на Иран ,а малку фалеше големата Германија која е актуелен европски вицешампион да биде победена во мечот за финале кој заврши тесно со 3:2 за Германките.
Со овој резултат младиот тим обезбеди место за настап на Светското сениорско првенство кое ке се одржи во Бремен-Германија во Ноевмри.Претхдоно ги очекуваат уште настап на Балканското сениорско првенство кое за прв пат ке се одржи во Охрид во Октомври и Карате 1 премиер Лигата во Салзбург .