ВИДЕОI Фудбалерите на Велс го завршија СП, ама нивните жени се хит во медиумите поради лудите забави со алкохол во Катар

Фудбалерите на Велс не се снајдоа најдобро и го зазедоа последното место во групата Б на Светското првенство во Катар. Во Велс се враќаат и нивните сопруги кои станаа главна тема во светските медиуми бидејќи постојано пиеле и правеле забави на базен во Катар.

На социјалните мрежи кружат видео клипови од лудите забави на поубавите половини на велшките фудбалери, па иако фудбалерите лошо поминаа, изгледа дека жените имале одлична забава.

Покрај девојките и верениците, се посрамоти и сестрата на Хари Вилсон, Ен Вилсон, која пијана се обиде да  направи ѕвезда, но неславно падна.