Утре повторно протест на приватните превозници, 200 автобуси ќе го блокираат центарот

Координативното тело на приватните превозници донесе одлука на кој начин ќе го оддржи утрешниот протест. Со почеток во 6 часот ќе бидат блокирани Илинденска, од семафорите после Влада до МИ-ДА.

Блокирањето ќе биде само на десните ленти. Според најавите, доколку не се постигне договор до понеделник, приватните превозници ќе ги блокираат крстосниците кај „Мавровка“, „Црвен крст“ и „Илинденска“.

Се очекуваат 200 автобуси да бидат паркирани за време на протестот.