Јапонија, Велика Британија и Италија идната седмица ќе објават договор за заеднички развој на нов напреден воен авион.
За Токио и Лондон тоа претставува кулминација на се поблиски одбранбени врски, што на Велика Британија и даваат поголема безбедносна улога во Азија, а на Јапонија нови безбедносни партнери во спротивставувањето на растечката воена моќ на соседна Кина.
Плановите за спојување на британскиот проект „Темпест“ со јапонскиот „Еф-Икс“ првпат беа објавени од медиумите во јули годинава. Новиот заеднички проект ќе означи прва соработка на Јапонија во поголем проект од воената сфера со други држави настрана од САД.
Разговорите по однос проектот што ќе го реализираат „BAE Systems Plc (BAES.L)“ и „Mitsubishi Heavy Industries (7011.T)“, Јапонија, Велика Британија и Италија ќе ги продолжат следната година со разработување на деталите, како проучување и размена на дизајни и варијанти на секој од партнерите во проектот.