
Во мултимедијалниот културен центар „Матица ексклузив“ ќе биде промовирана најновата поетска збирка „Вдах“ од современиот македонски поет, Борче Панов.
За делото на авторот ќе говорат писателите Трајче Кацаров и Марина Мијаковска,а музички перформанс ќе има Пламенка Трајковска
Борче Панов припаѓа на новата генерација македонски поети, роден е во Радовиш и долгогдишен раководител на манифестацијата „Караманови средби“. Автор е на десетина поетски книги за кои има добиено повеќе книжевни награди. Негови песни се преведен на српски, бугарски, словенечки, турски, албански и други странски јазици.