
Два дена Христијан Мицкоски молчи и не одговора на прашањата од кои македонски и странски политичари барал поддршка да дојде на власт, а во замена ветувал дека ќе го сменел Уставот.
Уплашениот и под заложништво на Димитар Апасиев, Мицкоски да не се крие зад објави на социјалните мрежи, да не се крие за Драган Ковачки, туку да излезе пред граѓаните и да даде одговор на прашањето.
Мицкоски во јавноста говори едно, а зад затворени врати говори сосема друго кога се во прашање националните и државните интереси.
Мицкоски е слаб, исплашен од Апасиев, затоа се што прави, го прави за да не заостане зад Апасиев.