Високиот претставник на Европската унија за надворешна и безбедносна политика, Жозеп Борел, изјавио во пеокот дека во Полска во моментов 1.100 ујкраински војници учествувале во обуката на мисијата на Унијата.
Борел овој податок го соопшти во текот на посетата на воената база Брезгу во Полска, каде што се одвива обуката на украинските војници. Додаделк дека мисијата ја покажала „волјата на Европа да ја поддржи Украина додека се брани од Русија“.
Министрите на за надворешни работи на земијите членки потпишаа договор за Мисијата на ЕУ за воена помош за поддршка на Украина (EUMAM) на 140ти ноември, а официјалниот почетокот беше ден подоцна, иако одредени земји на Унијата испраќаа оружје, воена помош и изведуваа обука на украинските војници изминатите осум години по превратот во Киев во 2014 година.
Таквите обуки сега се објаснуваат со „нациопнални договори“. Вкупно 20 земји од ЕУ ќе обучуваат 15.000 украински војници. Според претходните најави, мисијата може да вклучи обука во области како што се логистиката и заштитата од нуклеарно, биолошко и хемиско оружје. Обуката ќе ја плати ЕУ, а Борел процени дека ќе чини околу 100 милиони евра.
Во Хрватска претседателот на државата и опозицијата се спротиставуваат на предлогот на владата во Загреб во рамките на мисијата на ЕУ да се обучуваат украинските војници, па за тоа ќе гласа тамошниот парламент.
Претходно во некои земји од ЕУ се водеа остри дускусии во врска со обуките на украинските војници на нивните територии, во смисла на можна директна вклученост во странски воени дејствија. Така, во мај Научниот одбор на германскиот Бундестаг оцени дека обуката на украински војници во ракувањето со западните вооружувања и тоа на територијата на Германија според меѓународното право може да се третира како учество во самата војна.