Во Мексико запленети 300 килограми таблети фентанил

Обвинителството на Мексико денеска соопшти ддека пред два дена биле откриени и конфискувани 300 килограми таблети фентанил.

Дрогата била откриена во камион што превезувал кокосови ореви.

Мексико произведува најголем дел од фентанилот што влегува во САД, користејќи хемиски прекурсори увезени од Кина и од други места.

Во САД од предозирање со фентанил годишно има десетици илјади смртни случаи. Фенталинот е исклучително силна синтетичка дрога.