Рускиот претседател Владимир Путин не е искрен во однос на морвните преговори со Украина и ја крева војната на ново ниво на „варварство“ обидувајќи се да им го изгаси свелтата на цивилите, изјави во саботата американската потсекретарка за политички прашања Виктроија Нуланд, но веднаш ја потсети на минатото портпаролката на руското министерство за надворешни работи, Марија Захарова.
Нуланд се сретна со украинскиот претседатела Володомир Зеленски и со други високи украински функционери во Киев за да искаже поддршка во моментите кога, како што рече американската потсекретарка, Русија се обидува да ја уништи енергетската инфраструктурата на Украина.
„Дипломатијата очигледно е сечија цел, но мората да имате партнер кој има волја. И многу е јасно, без разлика да станува збор за нападите врз енергетстката инфраструктурата или се работи за реторијата од Кремњ и општиот став дека (рускиот претседател Владимир) Путин не е искрен ниту подготвен за тоа“, рече за новинарите Нуланд.
Американскиот претседател Џо Бајден изјави во четвртокот дека е подготвен да разговара со Путин, доколку рускиот претседател е заинтересиран за ставање крај на војната во Украина. Но таа порака веднаш беше отфрлена од Москва, која порача дека Западот мора да го признае присоединувањето на четирите мнозински руски и пороруски украински региони на Русија.
Москва постојано посочува дека нема да исклучи разговори со Киев, обвинувајќи ја Украина за недостиг на ангажман. Украинскиот претседател Владимир Зеленски постави услови за какви било преговори со Русија, кои вклучуваат „обновување на територијалниот интегритет на Украина“, „компензација за сета воена штета“ и „казнување на секој воен злосторник“.
Во октомври тој потпиша и декрет за забрана на какви било преговори со претседателот Владимир Путин.
Во раните денови од конфликтот, Киев имаше поинаков тон, испраќајќи тим од преговарачи во Истанбул во март, да разговараат за решение со Русија. Подоцна, сепак, нагло се повлече од овие разговори, наводно поради напорите на поранешниот премиер на Британија, Борис Џонсон. Минатиот месец, прес-секретарот на Кремљ, Дмитриј Песков, посочи дека сите идни разговори само со Украина веројатно нема да успеат, бидејќи каков било договор меѓу двете земји ќе биде „веднаш откажан по наредба“ од Запад.
Русија изведува масивни воздушни и ракетни напади врз украинската енергетска инфраструктурата, како што вели, за да ја оневозможи активноста на украинската армија. Киев и неговите западни сојузници предводени од САД велат дека станува збор за намерна кампања врз мрежата за преност на електричната енергија и затоплувањето насочена против цивилите и оти тоа е воено злосторство.
Според Нуланд, со напуштањето на нуклеарната ескалација, Русија „се префрли на фундаментално поинакво оружје, започнувајќи напади врз енергетската инфраструктура на Украина, кои се неприфатливи“.
„Путин ја подигна оваа војна на ново ниво на варварство, внесувајќи ја во секој украински дом додека се обидува да ги исклучи светлата и водата и да го постигне она што не можеше на бојното поле“, рече уште Нуланд.
Но порптаролката на руската дипломатија Захарова набрзо ѝ одговори потсетувајќи ја дека токму Нуланд и нејзе блиските „тинк-тенкови“ ја „надувале“ темата за наводноа нуклеарна ексалација на војната, како и дека однесувањата на САД и нивните сојузници во минатото и порачувајќи ѝ на Нуланд дека „повторно самата си се победила“ и оти токму таа не треба да го „држи лекции“.
„Што се однесува до ‘неприфатливоста на ударите врз ударите врз енергетскиот состем’, не е на Нуланд да го подучува светот: повеќе енергетски мрежи отколку што уништија самите САД, уништени се единствено од САД и НАТО заедно ширум светот“, напиша Захарова на Telegram додавајќи на воздушната кампања и речиси тримесечно секојдневно бомбардирање на НАТО врз Сробија во 1999 година.
Во текот на тие бомбаридрања врз тогашната СР Југославија поради војната на Косово, борбените авиони на северноатлантскиот сојуз уништиле мрежа поради што повеќе од 70 отсто од територијата останала без струја, уништени се стотици мостови и големи индустриски објекти, според НАТО.
Нуланд, исто така, се сретна со Андиј Ермак, шефот на кабинетот на претседателот Зеленски, кој изрази благодарноста за милијардите долари помош кои САД ѝ ги обезбедуваат на Украина.
„Победата на Украина, во којашто сме убедени, тоа ќе биде наша заедничка победат“, го цитираше Ермак кабинетот на Зеленски.