
-Народот од владата чека конкретни резултати, кои ќе значат отворање на нови работни места, развој на економијата и повеќе пари за сите, а тоа не се постигнува со инфлациски буџет и со промашени приоритети, регираат од ВМРО-ДПМНЕ.
Во делот на таканаречените капитални инвестиции. СДС секоја година се фали дека наредната година ќе прават градежна офанзива. И тоа секогаш завршува со ниту 50% реализација на предвидените капитални инвестиции.
Ниту еден километар автопат нема направено оваа Влада на СДС 6 години. Ниту една болница, ниту еден објект од општественк значење.
-6 години една нова поголема странска инвестиција нема. Се што се отвора во зоните се реинвестиции на веќе постоечките, кои беа дојдени во државата за време на ВМРО-ДПМНЕ.
-6 години не може да се направи ниту Клиничката болница во Штип, која беше оставена во фаза на карабина, ниту Клиничкиот центар во Скопје за кој имаше готов проект.
-6 години објектите за ФИНКИ и Факултетот за физичко образование, спорт и здравје во дворот на УКИМ се во фаза на карабина, оставени да пропаѓаат.
-6 години автопатот Кичево – Охрид не е мрднат од мртва точка.
-6 години нема никаков развој. 6 години Македонија тоне со СДС. Затоа потребни се предвремени парламентарни избори и промена на власта, стои во нивното соопштение.