Земјите од OPEC+ ги задржаа параметрите за производството на нафтата

Земјите од Организацијата на земјите извознички на нафта и независните големи производители предводени од Русија познати како групата OPEC+ договорле да го задржат планот за производството на нафта договорен на состанокот во октомври, кој предвидува намалување на производството за два милиона барели дневни, се наведува на завршното соопштение објавено на веб-страницата на OPEC.

Руската агенција ТАСС, повикувајќи се на соговорник запознаен со преговорите, истакна дека состанокот на Комитетот за мониторинг на OPEC+, кој вклучува осум земји од 23-те во картелот: Саудиска Арабија, Русија, Обединетите Арапски Емирати, Ирак, Кувајт, Алжир, Венецуела и Казахстан, ќе се одржи на 1-ви февраури, а следниот состанок на картелот на кој ќе се договараат следните стратегии и чекори на групацијата ќе се одржи на 4-ти јуни 2023 година.

Уште во најавите на состанокот, кој пазарите на нафта го очекуваа во заднината на почетокот на ограничувањето на цената на руската нафта од страна на ЕУ и Г7, медиумите пренесуваа дека земјите од OPEC+ решиле да не го менуваат сегашниот план за производство. Според изворот на ТАСС, меѓутоа во нафтениот картел не било разговарано за воведување на лимитот на цената на енергенсот извесуван од Русија што стапува на сила во понеделник 5-ти декември, а на руските нафтените деривати на 5-ти февруари.

Во завршниот документ се забележува дека членките на OPEC+ ја потврдуваат својата „подготвеност да се состанат во секое време и да ги преземат неопходните дополнителни мерки како одговор на состојбата на пазарот со цел да се одржи рамнотежа на понудата и побарувачката“.

На состанокот на 5-ти октомври беше договорено земјите од оваа групација да го намалат производството за два милиона барели дневно во ноември, а го продолжија тој договор до крајот на 2023 година. Квотите, според договорот на OPEC+ во август, ќе бидат земени како основа за обемот на намалувањето на производството.

Рускиот вицепремиер задолжен за енергетика Александ Нова, коментирајќи ги резултатите од состанокот, истакнал дека глобалниот пазар на нафтата сега е во подобра состојба отколку пред два месеца, но посочи дека сѐ уште остануваат неизвесностите кои произлегуваат од високата инфлација и зголемените јавни долгови во многу земји големи потрошувачи, монетарното затегнување и приодичните повторувања на појавата епидемии на Covid-19 во Кина, најголемиот купувач на нафта во светот.

Во мај 2020 година OPEC+ го намали производството за 9,7 милиони барели дневно поради падот на побарувачката на нафтата предизвикан од пандемијата на коронавирусот и намалените стопански активности поради долгите „затворања“. Од август годинава, оваа групација на земјите големи извознички во периодот на кастрењето на производството, но во ноември повторно го намали производството за два милиона барели дневно од максималното ниво во август.

Оваа одука беше објаснета со неизвесноста во прогнозите за светската економија и, следствено со тоа, изгледите за намалување на побарувачката на нафтата. Според генералниот секретар на организацијата Хајтам ал-Гајис, на пазарот се предвидува вишок на понудата за четвртиот годинешен и првиот квартал од 20212 година, поради што е решено повторно да се намали производството.