Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лејен, најави во неделата промена на правилата за државните поддршки за да се спречи бегството на големите европски компании и инвеститорите во САД коишто на своите произведувачи, особено во сферата на ткн зелена трансформација, им даваат големи олеснувања.
„Конкуренцијата е добра, таа поттикнува иновации, ја јакне ефикасноста и обезбедува напредок и на тој начин ги намалува цените во побласта на чистите технологии… Но во пазарното натпреварување мора да владеат исти правила за сите“, изјави фон дер Лејен во говорот на Европскиот колеџ во Бриж.
Администрацијата на американскиот претседател Џо Бајден донесе инвестициски план од околу 370 милијарди долари, назречен Закон за намалување на инфлацијата (IRA) кој предвидува големи повластици за американските произведувачи.
Според законот кој го поттикнува пристапот под мотото „купувај американско“, произведувачите на електрични автомобили имаат голема предност доколку произведуваат и купуваат делови за своите своите производи во САД.
Законот што во август го потпиша американскиот претседател Бајден, меѓу другото, вклучува и проширување на даночните субвенции за купување електрични возила кои се склопуваат во Северна Америка и користат батерии произведени во САД од материјали од домашно сировини. Со него се издвојуваат 370 милијарди долари за вложувања во чиста енергија и справување со климатските промени, и 63 милијарди долари за намалување на цените на лекарствата и здравственото осигурување.
„Постои опасност IRA да води кон нечесна конкуренција, кон затворањето на пазарите и би довело до фрагментација на правците на добавување кои веќе минаа низ искушенија во текот на пандемијата“, рече фон дер Лејен.
Шефицата на извршното тело на ЕУ истакна дека Унијата мора да донесе мерки кои би довеле до „поурамнотежување“ и би ги исправиле нарушувањата на пазарот предизвикани со големите американски субвенции.
„Ние во Европа мораме да ја направиме домашната задача и истовремено да работиме со САД на ублажувањето на недостатоците во пазарното натпреварување. Гледам три главни начини за тоа. Прво, мораме да ги прилагодиме сопствените правила за да ги олесниме јавните вложувања во транзицијата. Второ, мораме повторно да ја процениме потребата за натамошните европски финансирања на транзицијата. Трето, мораме да соработуваме со САД за решиме некои од аспектите на (американскиот) закон, кои најмногу загрижуваат“, рече фон дер Лејен.
Рече дека ЕУ треба да ги поедностави и прилагоди своите строги прописи за државните поддршки за владите на државите членки да бидат пофлексибилни при одобрувањето на субвенциите.
Истовремено предупреди дека ЕУ не смее да се потпира само на државната поддршка, бидејќи тоа би довело до нерамноправни трки во субвенциите во самата Унија, при што дел од државите членки имаат голем фискален капацитет, а другите се високо задолжени и имаат мал маневарски простор во своите буџети да им даваат поттикнувања на своите компании. Поради тоа, ЕК се зазема за „заеднички одговор“ со зајакнато финансирање на ниво на ЕУ.
Во Брисел и во другите европски престолнини во последно време не го сокриваат своето незадоволство од американскиот Закон за сузбување на инфлацијата (IRA) обемниот пакет мерки во областа на даночните олеснувања, климата и здравствената заштита. Министри и дипломати од земјите членки на ЕУ го истакнуваа изминатиот период разочарувањето од начинот на кој администрацијата на американскиот претседател Џо Бајден едноставно го игнорира влијанието на своите домашни економски политики врз економиите на европските сојузници.
Во ЕУ овој потег го оценија како дискриминаторски кон иститите производиди увезени од други земји. Бретон претходно изјави дека не исклучива реципрочни мерки, доколку САД не ги ревидираат своите мерки за поддршка на американските компании според споменатиот закон.