
Холивудскиот актер Џорџ Клуни и ирскиот рок-бенд U2 се меѓу истакнатите личности кои во неделата ја примија наградата на Центарот за изведувачки уметности Џон Ф. Кенеди, најреномираната американската награда во областа на културата, во присуство на американскиот претседател Џо Бајден.
Холивудските ѕвезди и вашингтонската политичка елита беа присутни на 45-то свечено доделување, а меѓу наградените се и прославената соул пејачка Гледис Најт, директорката на оркестар и композиторка од кубанско потекло Танија Леон и пејачката на госпел Ејми Грант.
На гала-вечерата пристигна и претседателот Џо Бајден со сопругата Џил и потпрeтседателката Камала Харис со сопругот Даглас Емхоф. Свеченоста на доделувањето на наградите сите големи телевизиски американски мрежи ќе ја емитуваат на 28-ми декември.
Оскаровецот, 61-годишниот Џорџ Клуни и неговара сопруга Амал, адвокатка специјализирана за човекови права, годинава со посебно внимание беа очекувани на црвениот тепих. Ѕвездата на бројните филмови, кој воедно беше и режисер и продуцент на повеќе остварувања, изјави дека се чувствува почестен со наградата.
Пејачот и филантроп Бони и неговиот бенд U2, кои продадоа 170 милиони албуми, се наградени за легендарните хитови „Sunday Bloody Sunday“, „Desire“ и „With or Without You“.
Добитничката на Пулицеровата награда за музиката за операта „Stride“, 79-годишната Танија Леон, е позната по своите иновативни и силни композции кои се спој на класичната музика и кубанскиот ритам, како и по својата коморна музика. Шеесет идвегодишната Ејми Грант е пак првата пејачка на христијанска музика која доби платинеста плоча и шест престижни музички награди Греми.