Русија распореди одбранбен ракетен систем на Курилите близу Јапонија

Руското Министерство за одбрана соопшти дека разместило мобилни одбранбени ракетени системи на северниот Курилски остров, дел од стратешки лоцираната верија острови којашто се протега меѓу рускиот полуостров Камчатка и Јапонија.

Рсуките ракетни системи „Бастион“, кои имаат проектили со дострел од 500 километри, се распоредени на островот Парамушир во северниот дел од Курилскиот архипелаг, соопшто во понеделникот руското Министерство за одбрана.

„Крајбрежните служби на Пацифичката флота ќе држат деноноќна страќа за да го контролираат соседното морско подрачје и зоната на теснеците“, се наведува во соопштението и се додава дека на Парамушир е распоредени воен камп со услови кои овозможуваат слуќба преку целата година, сместување, рекреација и храна за персоналот.

Ова распоредување следи една година откако Русија ги инсталираше противвоздушните ракетни системи „Бастион“ и на островот Матуа, во централниот дел на Курислкиот гребен, се додава во соопштението.

Јапонија тврди дека полага право на јужните Курилски острови кои се во составот на Русија, а кои токио ги нарекува Северни територии, Станува збор за територијален спор кој датира од крајот на Втората светска војна кога советските сили ги истиснале јапонските од архипелагот.

Односите меѓу Русија и Јапонија се во сенка на отсуството на мировен договор долги години. Во 1956 година, СССР и Јапонија потпишаа заедничка декларација во која Москва се согласи да ја разгледа можноста за пренесување на Хабомаи и Шикотан во Јапонија по склучувањето на мировниот договор, а судбината на Кунашир и Итуруп не беше засегната. СССР се надеваше дека Заедничката декларација ќе стави крај на спорот, додека Јапонија го сметаше документот само дел од решението на проблемот, не откажувајќи се од претензиите на сите острови. Последователните преговори не завршија, а мировниот договор на крајот на Втората светска војна никогаш не беше потпишан.

Сериозно противење произлезе од САД, кои се заканија дека ако Јапонија се согласи на трансфер на само два од четирите острови, тоа ќе влијае на процесот на враќање на Окинава на јапонскиот суверенитет (Спогодбата за враќање на Окинава во Јапонија влезе во сила во 1972 година). Ставот на Москва е дека островите станале дел од СССР по Втората светска војна, а суверенитетот на Русија над нив е несомнен, а на Токио иронично понекогаш му порачува дека островите ќе му бидат врачени кога Вашингтон ќе му го врати стратешкиот пацифички остров Гуам кој стана најголемата американска воена база во регионот.

Центарот за стратешки и меѓународни студии со седиште во Вашингтон во септемврискиот извештај напиша дека „руската милитаризација на Курилските острови, во сенка на инвазијата на Украина главно мина под радарот“,

„Чекорите на Русија да го зајакне своето присуство сугерираат дека островите ќе продолжат да играат погубан улога во иднината на руско-јапонските односи и дека Јапонија и САД би требало да ги продлабочат консултациите во врска со руските активности во регионот“, се наведува во извештајот објавен на веб-страницата на центарот.

Јапонија се придружи на западните сојузници со воведување на санкциите против Русија последната деценија, вклучително и неколку круга воведени од почетокот на војната во Украина во февруари.

Русија се повлече од преговорите започнати од периодот на советската ера и продолжени минатата деценија, откако кон средината на април годинава првпат од 2003 година, Јапонија официјално ги назначи во овогодинешната „Сина книга“ на јапонското министерство за надворешни работи ткн Северни територии (како што земјата ги нарекува јужните Курили) како „нелегално окупирани“ од Русија. Годинешната „Сина книга“, исто така, ги идентификуваше островите како „јапонска територија“ првпат од 2011 година.

И покрај фактот што, во целина, позицијата на Јапонија на островите остана иста со децении, формулацијата на „Сината книга за дипломатијата“ се менува во зависност од моменталното ниво на руско-јапонските односи.

Ако во 2018 година извештајот содржеше дефиниција дека островите припаѓаат на Јапонија, тогаш во „Сината книга“ од 2019 година исчезна и беше заменета со тезата дека „двете земји, под водство на нивните лидери, работат на решавање на територијалниот проблем“. Во 2020 година, по остри критики на оваа формулација, се враќа дефиницијата на островите како територии „на кои се протега суверенитетот на Јапонија“. Во 2021 година, извештајот ја задржа истата дефиниција.

Токио претходно како одговор на руската специјална операција во Украина воведе неколку пакети санкции против Москва. Конкретно, тој ја исклучи Русија од националниот трговски режим и воведе забрана за извоз на 275 стоки од 18 март, вклучувајќи полупроводници, радари, сензори, ласери, комуникациска опрема, уреди за снимање и нивни компоненти, софтвер, компоненти за трактори, мотори со гасни турбини за авиони и нивни компоненти, опрема за рафинирање на нафта. Од 5-ти април Русија забрани и извоз на луксузни стоки, вклучувајќи автомобили и накит.

Во 2018 година, во Сингапур, по состанокот на самитот меѓу лидерите на Русија и Јапонија, јапонскиот премиер објави дека страните се согласиле да го забрзаат преговарачкиот процес за мировен договор врз основа на Заедничката советско-јапонска декларација од 1956 година. Но во апрол годинава Москва, како одговор на непријателските чекори на Токио, го објави своето одбивање да преговара за мировен договор, прекин на безвизниот режим за јапонските граѓани на јужните Курилски острови и повлекување од дијалогот за воспоставување заеднички економски активности во регионот.