Владата го поништи државјанството на Онишченко

Владата на РСМ на денешната седница донесе одлука да се поништи македонското државјанствто на Олександр Оншченко. Владата ја донесе одлуката откако го разгледа известувањето од Министерството за внатрешни работи, во кое што се информира за можноста за одземање на веќе дадено државјанство, што беше побарано од страна на Владата, на претходна владина седница.

Денешната одлука на Владата е базирана на Законот за државјанство на Република Македонија.

Министерството за внатрешни работи е задолжено да постапи веднаш по донесената одлука за поништување на одлуката за прием на Онишченко во државјанство на Република Македонија.