ВМРО-ДПМНЕ до Данела: Дали договоривте бугарски автобуси да вршат јавен превоз во Скопје?

На сите прашања што градоначалничката на Скопје Данела Арсовска му ги постави на ВМРО-ДПМНЕ одговорот е „не“, возврати партијата со експресно соопштение.

Во своето соопштение партијата на градоначалничката ѝ постави постави нови прашања, меѓу кои најинтересно е ова: „Дали е точно дека бугарски автобуси треба да вршат јавен превоз, како замена за тековниот?“

ВМРО-ДПМНЕ ја прашува Арсовска дали на средбата со премиерот Димитар Ковачевски била договорена провизија, наместо попуст за снабдувањето на превозниците со гориво.

„Зошто во договорот за нафта со Пуцко Петрол нема ниту еден процент попуст, а во сите претходни има? Од (Трифун) Костовски, преку (Коце) Трајановски до (Петре) Шилегов“, се вели во партиското соопштение.

ВМРО-ДПМНЕ констатира дека денеска Арсовска требало да да излезе и да понуди решение, но таа два дена смислувала што да излаже.

„Очаен човек прави очајни чекори“, заклучува партијата.