По 13 години се бара дозвола за работа на нафтоводот Скопје – Солун

Вардакс, претпријатието кое стопанисува со нафтоводот Скопје–Солун, до Регулаторна комисија за енергетика поднесe барање за добивање лиценца зa повторно да проработи. Во ова претпријатие сопственик од 20 отсто е државата преку претпријатието „Нафтовод“, а поголемиот удел од 80 проценти го има групацијата Хеленик Петролеум.

Директорот на Нафтовод, Есад Рахиќ, за „Фактор“ вели дека нафтоводот има потенцијал годишно да испорачува милион тони дизел за Македонија и Косово и тоа би значело голема сума за државата од наплатата на транспортот.

Директорот вели дека процедурите продолжуваат и понатаму, но важно е дека во меѓувреме се зголемила свеста за овој проект. Во иднина нафтоводот ќе го промени своето име и ќе се вика продуктовод. Барањето до РКЕ е поднесено на 23 ноември.