Стравот од кревање на каматите во САД ги спушти цените на нафтата кон 82 долари

Цените на нафтата на меѓународните пазари во вторникот паднаа на 82 долари под протисокот од стравувањата дека американската централна банка Federal Reserve (Fed) би можела да продолжи со агресивното подигнување на клучните каматни стапки, што би ги закочило стопанските акивности и следствено побарувачката на нафта.

На лондонскиот пазар цената на барелот во попладневното тргување беше пониска за 61 цент отколку на затворањето на тргувањето во понеделникот и изнесуваше 82,07 долари. Вчера го затвори тргувањето со минус од 2,89 долари. На американскиот пазар со барелот денеска се тргуваше по 51 цент пониска цена од вчерашниот трговски ден, од 76,42 долари. Вчера го затвори тргувањето во минус од 3,05 долари.

Организацијата на земјите извознички на нафта (OPEC) во одвоен извештај објави денеска дека барелот од кошницата референтна нафта на нејзините членки во понеделникот поевтинил за 71 цент, на 83,16 долари.

Трговците страуваат дека Fed може да продолжи со агресивното зголемување на каматните стпаки за да ја заузди инфлацијата, имајќи предвид дека податоците од секторот услужни дејности сигнализираа силен раст на стопанските активности. Индексот на менаџерите на набавка (PMI) во ноември пораснал за 2,1 поен, на 56,5 поени, со оцени во анкетите за раст на побарувачката.

„Неповолните инфлаторни трендови уште би можеле да предизвикаат турбуленции во светската економија следните месеци“, коментира за Reuters Тамаш Варга од PVM, додавајќи дека, сепак, „постепеното отворање на Кина по строгите епидемиолошки мерки поради Covid-19 претставува, во принцип, позитивен развој на настаните“.

Сѐ повеќе кинески градови ги ублажуваат епидемиолошките ограничувања, што го поттикна очекувањето за засилена побарувачка во најголемиот светски увозник на нафтата. Извори на Reuters рекле дека Кина веќе во среда би можела дополнително да ги ублажи ограничувањата, кои се меѓу најригорозните во светот во трите пандемиски години.

Пазарот во моментов го анализира влијанието на ограничување на цените на руската нафта на 60 долари за барел кое го наметнаа седумте индустриски најразвиен земји во светот Г7, Еропската унија и Австралија, предизвикувајќи нестабилноста на пазарот. Цената би требало да биде контролирана преку компаниите за осигурување на товарите и пловидбата, кои 90 отсто се во западните земји, како и преку тренспортерите на нафтата. Нарушување предизвикува и ембаргото на ЕУ на увозот на руската нафта којашто се испорачува по море.

Русија порача дека нема да ја продава веќе нафтата на земјите коишто го прифатиле ценовниот лимит, а аналитичарите предупредуваат дека тешко може да се најде замена за руските барели кои ќе отстуствуваат од глобалниот пазар, па дури и да бидат симнати санкциите за земјите како Венецуела и Иран, како и обновувањето на производството кај други земји.

„Забраната веројатно ќе го намали снабдувањето на пазарот, бидејќи ЕУ мора сировата нафта да ја набавува од други извори“, вели во белешката Карстен Фритш, аналитичар во „Commerzbank“.

Заканата со губење на осигурувањето истовремено може да ѝ го запре на Русија пристапот до танкерите и може да го намали нејзиниот извоз за 500.000 барели дневно во однос на нивото од февруари, проценуваат аналитичарите во „Rystad Energy“.

Од јануари до ноември годинава производството на нафта и гасен кондензат пораснала за 2,2 отсто, на 488 милиони тони, соопшти рускиот вицепремиер Александр Новак, кој очекува лесен пад на производството по најновите санкции.