
-Проблемот е МВР, денес да имаше грам морал по поразот, странски извршители да гонат криминал, а не домашни, министерот на МВР ќе си дадеше оставка, соопштија од ВМРО-ДПМНЕ, како реакција на изјавата на Спасовски.
-Тоа е јавен пораз дека МВР не гони криминал, туку дека продуцира криминал.
Странски извршители доаѓаат да гонат криминал, затоа МВР на Спасовски издаде над 215 пасоши на светски нарко дилери, а АНБ дава дозволи за државјанство на контроверзни светски политичари кои се на црна листа на САД и не се способни да отворат на интернет да ги проверат на јавно достапни информации.
На МВР на Спасовски му избегаа главните нарко дилери од Грчец, а дрогата не ја ни најдоа, додека пак началник на МВР дилаше дрога, а ДЕА мораше да интервенира.
Полицајци ги бркаат вооружени групи од Арачиново, а Спасовски наместо да расчисти со криминалците, ги санкционира полицајците.
Спасовски дотолку не може да гарантира безбедност што и оружје од магацин на МВР им украдоа.
Воедно Македонија со СДСМ и вакво МВР е на врвот по корупција во регионот и Европа. Затоа доаѓаат странци да се борат против криминалот, реагираа од ВМРО-ДПМНЕ.