Во средата од страна на полициски службеници од СВР Штип биле приведени 64-годишниот К.П. и Д.П. на 37 години, и двајцата од Делчево, за кои е поднесена кривична пријава за „перење пари“, со што државниот Буџет го оштетиле за 25.502.282 денари.
Приведувањето е врз основа на претходно поднесена кривична пријава против нив, поради сомнение за сторено кривично дело „перење пари“ казниво по чл.273 од Кривичниот законик, од страна на СВР Штип, во содејство со Одделот за криминалистичка полиција – Сектор за економски криминал и корупција Скопје, а по претходно добиена наредба од Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција Скопје.
К.П. и Д.П. во текот на денот тие ќе бидат изведени пред судија на претходна постапка, извести Министерството за внатрешни работи.