3.8 C
Skopje
понеделник, март 3, 2025

Стерлинг се враќа во англиската репрезентација

Напаѓачот на англиската фудбалска репрезентација Рахим Стерлинг ќе се врати во Катар за да конкурира за настап во четвртфиналниот дуел на Светското првенство против Франција кој е на програмата в сабота од 20 часот.

Стерлинг итно се врати во Англија на денот на осминафиналниот натпревар против Сенегал за да биде со семејството по оружен грабеж во семејниот дом.

„Напаѓачот на Челзи привремено го напушти кампот за да се посвети на семејни проблеми, но се очекува во текот на денешниот ден да се врати во Катар“, соопшти Фудбалската федерација на Англија.