НБА лига: Победа на Голден Стејт во реприза на финалето

Во реприза од финалето на НБА минатата сезона, кошаркарите на Голден Стејт Вориорс на домашен терен ноќта од сабота кон недела ги победија Бостон Селтикс со 123:107.

Домашната екипа доминираше во текот на целиот натпревар и заслужено победи, па на Бостон, најдобриот тим во досегашниот тек од сезоната, му го нанесе само седмиот пораз. Најдобри играчи кај Голден Стејт беа Стивен Кари и Клеј Томпсон. Првиот постигна 32 поени со шест скока и седум асистенции, додека вториот додаде 34. Заедно шутираа близу 50 отсто (10 од 22 обиди) за „тројки“, со тоа што подобар беше Кари, кој имаше 6 од 11 за „тројки“, како и вкупен шут 12 од 21. Џордан Пул, пак, додаде 20 поени.

Кај Бостон единствен расположен за борба против шампионот беше Џејлен Браун кој постигна 31 поен со 13 од 23 шут од поле. Додаде и девет скока, а сите останати беа под 20 поени, вклучувајќи го и Џејсон Тејтум (18 поени) со многу потрошени топки (6 од 21).

Без Лука Дончич, Далас Маверикс имаше многу лошо издание против Чикаго Булс, каде прими дури 144 поени. Чикаго победи со 144:115, а домашната екипа постигнуваше по 40 или повеќе поени во секоја четвртина (40 и 42) во првото полувреме. Прво име за Чикаго беше Демар Дерозан со 28 поени, девет скока и пет асистенции. Дури шестмина домашни играчи постигнаа двоцифрен број поени.

Никола Јокиќ со „трипл-дабл“ учинок го предводеше својот тим Денвер Нагетс до домашна победа против Јута Џез со 115:110. Јокиќ мечот го заврши со 31 поен, 12 скока и 14 асистенции за своето 80-ти „трипл-дабл“ остварување во НБА кариерата, а во текот на целиот меч имаше одличен придружник во Џамал ​​Мареј, кој испорача 30 поени со одлични 13 од 19 обиди,

Лос Анџелес Клиперс беа подобри од Вашингтон Визардс со 114:107. Тие беа предводени од Пол Џорџ, кој постигна 36 поени, а имаше и седум скока и шест асистенции. Вашингтон не профитираа на оваа средба, иако Кајл Кузма и Кристапс Порзингис одиграа добро. Првиот постигна 35 поени со 12 скока, а Кузма имаше и одличен учинот за „тројки“ 7 од 11. Вториот постигна 30 поени со 15 скока и пет асистенции.

Иако играа без своите главни ѕвезди (Дјурант, Ирвинг, Симонс), како и некои други важни играчи (Кари, Харис, Клакстон), кошаркарите на Бруклин Нетс ги победија Индијана Пејсерс на гости со 136:133. Кај гостите Кам Томас постигна 33 поени, а Пети Милс 24 со по шест скока и асистенции.

РЕЗУЛТАТИ
Мајами – Сан Антонио 111:115
Индијана – Бруклин 133:136
Вашингтон – ЛА Клиперс 107:114
Кливленд – Оклахома Сити 110:102
Чикаго – Далас 144:115
Голден Стејт – Бостон 123:107
Денвер – Јута 115:110
Портланд – Минесота 124:118

ТАБЕЛИ

ИСТОЧНА КОНФЕРЕНЦИЈА
1. Бостон Селтикс 21 6
2. Милвоки Бакс 19 6
3. Кливленд Кавалирс 17 10
4. Бруклин Нетс 16 12
5. Индијана Пејсерс 14 13
6. Филаделфија 76ерс 13 12
7. Торонто Репторс 13 13
8. Атланта Хокс 13 13
9. Њујорк Никс 13 13
10. Мајами Хит 12 15
11. Чикаго Булс 11 14
12. Вашингтон Визардс 11 16
13. Шарлот Хорнетс 7 19
14. Орландо Меџик 7 20
15. Детроит Пистонс 7 21

ЗАПАДНА КОНФЕРЕНЦИЈА
1. Њу Орлеанс Пеликанс 17 8
2. Мемфис Гризлис 17 9
3. Феникс Санс 16 10
4. Денвер Нагетс 16 10
5. Сакраменто Кингс 14 10
6. Портланд Трејл Блејзерс 14 12
7. Лос Анџелес Клиперс 15 13
8. Голден Стејт Вориорс 14 13
9. Јута Џез 15 14
10. Далас Маверикс 13 13
11. Минесота Тимбервулфс 13 13
12. Оклахома Сити Тандер 11 15
13. Лос Анџелес Лејкерс 10 15
14. Сан Антонио Спарс 8 18
15. Хјустон Рокетс 7 18