
Членот на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, Влатко Ѓорчев, учествува на форумот за безбедност во американскиот Сенат во Вашингтон, соопштија во неделата од партијата
„За време на форумот Ѓорчев оствари средби со конгресмените Дејвид Рузер, Дарел Ајса и Бурџес Овенс. Ѓорчев ја повтори важноста на стратешкото партнерство и пријателството меѓу Македонија и САД. Двете земји како членки на НАТО треба да ја продолжат и продлабочат билатералната соработка. Главни теми на форумот се војната во Украина, состојбата во Европа и светот, сајбер безбедноста, енергетската криза и други поврзани теми“, истакнаа од ВМРО-ДПМНЕ.
На форумот учествуваат околу 200 учесници, како и пратеници од САД, Европскиот парламент, Канада, Велика Британија, Германија, Украина, Италија, Шпанија, Франција итн, додаваат од опозициската партија.