Организаторите на превратот во Германија купувале оружје од Хрватска

Припадниците на германското екстремистичко движење Reichsbürger (Граѓани на Рајхот) кои неодамна се најдоа во фокусот на јавноста поради наводен обид за изведување државен преврат во Германија, пред неколку години за своите терористички акции набавувал оружје во Хрватска, пишува во неделата загрепскиот дневен весник Jutarnji list.

Во написот се потсетува дека германската полиција го уапси водството на движењето под обвинение дека планирале да изведат државен преврат и да постават еден од своите водачи за германски цар.

Еден од осомничените членови на движењето живеел во Хрватска, каде се доселил женејќи се со Хрватка. Активностите за набавка на оружје, меѓу друго и за Reichsbürger, ги спречила хрватската полиција и нејзината специјална служба Uskok, а во заедничката меѓународна акција со германската полиција биле уапсени десетици лица, меѓу кои и хрватски државјани, кои се веќе осудени и пред хрватските и пред германските судови. Освен тоа, било утврдено дека дел од оружјето коешто таа група го набавила, во Германија било користено за ликвидации на политичките противници на екстремните десничари.

Признанието на извесен Мартин М., но во прв ред тајното прислушување на разговорите на криумчарите што го спровело хрватскиот Uskok, довело до неодамнешните пресуди на судот во Минхен против спомнатиот Мартин М., Александр Рајхл и уште еден припадник на Reichsbürger.

Рајх, поранешен германски цариник, први бил член на десничарската Националдемократска партија на Германија (NDP), а во 2016 година ѝ пристапил на десната евроскептична и противдоселеничка партија Алтернатива за Германија (AfD), но се поврзал со Reichsbürger од регионот Горна Баварија. На почетокот од 2018-та, хрватската полиција дошла до податоци дека Рајхјл во Хрватска купува поголеми количества воено оружје заостанато од војната во 1990-те години, како и дека со неколку помагачи го транспортира во Германија, каде што тоа оружје им било делено наводно на припадниците на десничарски групи, меѓу другото и на припадници на Reichsbürger.

Во соработка со германската полиција започнала тајна истрага, како и дека ги снимале телефонските разговори на следените лица, од кои произлегувале договарања за набавки на автоматски пушки, снајпери, пиштоли, кратко машинки, рачни бомби, сачмарки… Во Хрватска се уапсени 16 лица, а врз основа на обвинението се обвинети дека набавувале оружје за Рајхл. Пред судот во Осијек, повеќето обвинети се осудени на условно и затворски казни пишува Jutarnji list.