Во сообраќајка на автопатот Табановце-Куманово загина маж од Лојане

Триесет и шестгодишен жител на липковското село Лојане загина во сообраќајна несреќа што се случила денеска на автопатот Табановце-Куманово, соопшти кумановската полиција.

– Денеска во 01:20 часот во СВР Куманово било пријавено дека на автопатот Табановце-Куманово, патничко моторно возило „фолксваген голф со кумановски регистарски ознаки, управувано од А.А.(36) од село Лојане, Липковско, излетало од коловозот. На местото на несреќата починал А.А., а смрт констатирал лекар од Итната медицинска помош – информираа од СВР Куманово.

Екипа од СВР Куманово извршила увид на место на несреќата.