НБА лига: Клиперси ги совладаа од Селтикс, Спарс за поен подобри од Кавалирс

Кошаркарите на Лос Анџелес Клиперс во синоќешната програма на НБА лигата беа убедливи на домашен терен во соочувањето со Бостон Селтикс кои ги совладија со 113:93.

Пол Џорџ беше најдобар стрелец кај Клиперс со 26 поени, додека Каваи Ленард додаде 25 поени со девет скока. Клиперс поведоа во втората четвртина и не го испуштија водството до крајот, а во поголемиот дел од вториот дел водеа со двоцифрена разлика. Џејлен Браун ги предводеше Селтикс со 21 поен, а Џејсон Тејтум постигна 20 поени со 11 скока.

Сан Антонио Спарс го победија Кливленд Кавалирс со 112:111 на домашен терен, благодарение на Келдон Џонсон кој блокираше потенцијален погодок за победа од поле за гостинскиот тим.

Спарс водеа со 16 поени разлика на полувремето и 92:78 по три четвртини, но Кливленд дојде до заостанување од само 106:110 откако Џерет Ален изведе две слободни фрлања на 3,04 минути до крајот. На кошот на Девин Васел на 1,38 до крајот одговори Дариус Гарланд со две слободни фрлања.

Полагањето на Донован Мичел на 53 секунди до крајот го доведе Кливленд на двава поени заостанување, а слободното фрлање на Еван Мобли на 37,9 секунди до крајот намали на 111:112. Откако Тре Џонс промаши полагаање на 12,6 секунди до крајот, Кавалирс имаа шанса да победат, но положувањето на Мичел на 6,7 секунди до крајот беше блокирано од Џонсон. Потоа Гарланд промаши за „тројка“ на 0,6 секунди до крајот.

Стрелците ги предводеше Мичел со 28 поени, а Карис Леверт додаде 23. Џош Ричардсон беше најдобар во редовите на Спарс со 24 поени.

Бруклин Нетс на гостински терен ги победија Вашингтон Визардс со 112:100, а Кевин Дурент постигна 30 поени. Ова беше осма победа за Нетси во последните девет натпревари, а Кајри Ирвинг додаде 24 поени, вклучително и девет во серијата во втората четвртина, која доведе до недостижно водство на Нетси.

Вил Бартон постигна 22 поени од клупата за Визардс, кои го претрпеа седмиот пораз по ред. Кајл Кузма постигна 20 поени како и Кристапс Порзингис.

Мемфис Гризлис стигнаа до шестата последователна победа совладувајќи ги Атланта Хокс на домашен терен со 128:103.
Тајус Џонс постигна 22 поени со 11 асистенции, а Дилон Брукс додаде 18 поени.

Хокс, кои беа без четворица стартери – Треј Јанг, Клинт Капела, Џон Колинс и Деџунте Мареј, беа предводени со 19 поени на Де’Андре Хантер.

Далас Маверикс го победија Оклахома Сити Тандер со 121:114 предводени од Лука Дончич. Словенечкиот кошаркар беше блиску до „трипл-дабл“, натпреварот го заврши со 38 поени, 11 скока и 8 асистенции, блиску до „трипл-дабл“ беше и Спенсер Динвиди, кој постигна 20 поени со 10 асистенции и 7 скока. На Оклахома не ѝ помогнаа ниту 42-те поени на Шаи Гилџеус-Александер.

Во последниот натпревар одигран синоќа, Мајами Хит ги победија Индијана Пејсерс со 87:82 во Индијанаполис, а до победата ги предводеше Џими Батлер со 20 поени.

РЕЗУЛТАТИ

Индијана Пејсерс – Мајами Хит 82:87
Вашингтон Визардс – Бруклин Нетс 100:112
Мемфис Гризлис – Атланта Хокс 128:103
Далас Маверикс – Оклахома Сити Тандер 121:114
Сан Антонио Спарс – Кливленд Кавалирс 112:111
Портланд Трејл Блејзерс – Минесота Тимбервулфс 133:112
ЛА Клиперс – Бостон Селтикс 113:93

ТАБЕЛИ

ИСТОЧНА КОНФЕРЕНЦИЈА

АТЛАНТСКА ДИВИЗИЈА
1. Бостон Селтикс 21 7.750 —
2. Бруклин Нетс 17 12 .586 4 1/2
3. Филаделфија 76ерс 14 12 .538 6
4. Њујорк Никс 14 13 .519 6 1/2
5. Торонто Репторс 13 14 .481 7 1/2

ЦЕНТРАЛНА ДИВИЗИЈА
1. Милвоки Бакс 19 7 .731 —
2. Кливленд Кавалирс 17 11 .607 3
3. Индијана Пејсерс 14 14 .500 6
4. Чикаго Булс 11 15 .423 8
5. Детроит Пистонс 7 22 .241 13 1/2

ЈУГОИСТОЧЕН ДИВИЗИЈА
1. Атланта Хокс 14 14 ,500 —
2. Мајами Хит 13 15 .464 1
3. Вашингтон Визардс 11 17 .393 3
4. Орландо Меџик 8 20 .286 6
5. Шарлот Хорнетс 7 20 .259 6 1/2

 

ЗАПАДНА КОНФЕРЕНЦИЈА

ПАЦИФИЧКА ДИВИЗИЈА
1. Феникс Санс 16 11.593 —
2. Сакраменто Кингс 14 11.560 1
3. Лос Анџелес Клиперс 16 13 .552 1
4. Голден Стејт Вориорс 14 13 .519 2
5. Лос Анџелес Лејкерс 11 15 .423 4 1/2

ЈУГОЗАПАДНА ДИВИЗИЈА
1. Њу Орлеанс Пеликанс 18 8.692 —
2. Мемфис Гризлис 18 9 .667 0 1/2
3. Далас Маверикс 14 13 .519 4 1/2
4. Сан Антонио Спарс 9 18 .333 9 1/2
5. Хјустон Рокетс 8 18 .308 10

СЕВЕРОЗАПАДНА ДИВИЗИЈА
1. Денвер Нагетс 16 10 .615 —
2. Портланд Трејл Блејзерс 15 12 .556 1 1/2
3. Јута Џез 15 14 .517 2 1/2
4. Минесота Тимбервулфс 13 14 .481 3 1/2
5. Оклахома Сити Тандер 11 16 .407 5 1/2