Во моментов на Бит Пазар во тек е акција за отстранување на тезгите на дивите препродавачи поради што има и зголемено присуство на полициja.
Отстранети се сите нелегално поставени тезги на тротоарот долж булеварот “Крсте Петков Мисирков” од раскрсницата со булеварот “Гоце Делчев” до тезгите на кои се продаваат цвеќиња. На овој тротоар на монтажни тезги се продаваше се, од облека, влечки, ташни до секакви делови за техника.
Во моментов полицијата разговара со продавачите на тезгите со цвеќиња кои се единствените што уште не се отстранети.