Кремљ: Легитимни цели ќе се „Patriot“-тите кои САД планира да му ги даде на Киев, нема барање за „Божикно примирје“

Американски противвоздушни системи Patriot во Полска

Американските системи „Patriot“ кои би требало да бидат опслужувани со американски или екипажи од земји членки на НАТО обучени за ракување со овие противракетни системи, кои САД планираа да ѝ ги испорачаат на Украина, ќе бидат легитимна цел на Русија во нападите врз оваа зема, соопшти во средата Кремљ и порача дека никаков предлог за ткн Божикно примирје не е дојдено во Москва.

Системите „Patriot“ се сметаат за најнапредни американски системи за противвоздушна одбрана, вклучително за борба против авиони, крстосувачки и балистички проектили. Вообичаено тој вклучува лансери, радари и други помошни возила, опслужуван со специјално обучен екипаж и се смета за значителен скап и земјите од НАТО кои го поседуваат ретко се одлучуваат да го пренесат во други земји, како што беше случајот со Турција која поради тоа се реши за набавка на руските „С-400“.

Во понеделникот претставникот на командата на воздухопловните сили на Украина, Јуриј Игнат, изјави дека системите за противвоздушна одбрана со коишто сега располага украинската војска не можат да соборуваат балистички ракети. Во понеделникот, исто така, украинскиот премиер, Денис Шмихал во тој контекст побара западните ракетни системи „Patriot“ и други високотехнолошки системи за противвоздушна одбрана, со цел Украина да се спротивстави на засилените руски напади, кои продолжија и денеска на истокот на Украина.

Засега ниту една држава не испорачала системи „Patriotт“ за Украина. Германија ѝ понуди такви системи на Полска, како засилување на заштитата на полскиот воздушен простор, владата во Варшава излезе со идеја тие да ѝ бидат испорачани на Украина наместо да бидат разместени на полска територија. Меѓутоа поради инцидентот кога украински проектил уби две лица во пограничниот регион меѓу двете земји во полската јавност се отвори остра дискусија по ова прашање и засега не е донесена конечната одлука

Извори од Вашингтон за Reuters рекле дека одлуката за испраќање на системите „Patriot“ може да биде објавена веќе во четврток. Американски извори, исто така, додале дека САД ги „приведуваат кон крајот“ плановите за испраќање на овие системи во Украина.

Од Пентагон и од украинските функционери, меѓутоа, одбиле официјално да го коментираат прашањето. Сепак, известено е дека Киев во вторникот разговарал на „високо воено ниво“ со Вашингтон, според кабинетот на Зеленски.

Поранешниот руски и претседател и премиер а сега заменик претседател на рускиот Национален совет за одбрана, Дмитриј Медведев, исто така го предупреди НАТО дека не треба да испрати „Patriot“ системи во Украина, и оти многу веројатно е дека Русија тоа ќе го смета за ескалација и уште подиректно мешање на Западот во украинската војна.

Пентагон претходно во вторникот објави дека целта на неодамнешното јакнење на руското ракетирње на Украина е да се исцрпат резервите на противвоздушната одбрана на Киев за потоа Русија дефинитивно да доминира на небото над Украина, САД и сојузниците затоа на Киев му испраќаат поголемо количество противвоздушни системи. Од американска страна тоа ги вклучуваше системите NASMAS за кои Пентагон тврди дека „беспрекорно“ ги запирале руските ракети. Но неколку вакви системи се уништени во напади на руската авијација, а сѐ почесто се споменува дека недостига и муниција за овие системи.

Системите „Patriot“ би биле „многу многу важни“ за Киев, вели Александер Видман, пензиониран полковник на американската армија и поранешен директор на одделот за Европа во американскиот Совет за национална безбедност (NSC).
„Тие е бидат доста способни да се справуваат со многу различни предизвици со кои се соочуваат Украинците, особено ако Русите воведат балистички проектили со кус дострел од Иран“, изјави Видман, иако Техеран ги негираше таквите британски и американски тврдења.

 

Никакви Божикно примирје не е на масата

Кремљ, исто така, во средата извести дека Москва не примила никакви предлог за ткн „Божикно примирје“ на боиштето во Украина, па така, иако на Западот се смета дека зимата ќе стивне интензитетот на борбите, сѐ поизгледно е дека борбите ќе продолжат и во текот на зимата.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски претходно седмицава повика Русија да започне со повлекување на војските до Божик, што би било прв чекор во запирање на војната.

„Не, не се пристигнати предлози од никого, таквата тема не е на дневниот ред“, одговори во средата на новинарско прашање портпаролот на Кремљ, Дмириј Песков.