Москва: Ватикан се извини за коментарите на папата за „свирепите“ малцинства во Русија

Русија објави во четвртокот дека од Ватикан добила извинување поради коментарот на поглаварот на Римокатоличката црква, папата Франциски, дека руските војници од некои етнички малцинства се „најсвирепите“ борци во украинскиот конфликт.

На редовниот брифинг во Москва, портпаролката на руското министерство за надворешни работи Марија Захарова ги информирала новинарите дека Русија сега смета дека овој прашање е затворено и оти се надева на конструктивен дијалог со Ватикан.

Во интервјуто објавено во ноември за језуитскиот весник America, папата Франциск зборуваше, како што рече, за свирепоста на руските воени сили во Украина.

„Воопштено, најсвирепи се можеби оние кои се по потекло од Русија, но не се придржуваат до руската традиција, како што се Чеченците или Бурјатите. Во секој случај напаѓач е руската држава, тоа на сите им е јасно“, рече тогаш папата.

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров, изјавата на папата Франциск ги нарече „нехристијански“ и „несфатливи“, потсетувајќи дека Ватикан никогаш не ги споменал жртвите на украинските напади изминатите осум години врз руското население во Доњецк и Луганск.

Папата Франциск повеќепати во изјави за јавноста се нудеше Ватикан да посредува во решавањето на украинската војна, но никогаш не таа понуда не е дадена официјално. Оцената е дека поради неговите неколку критики за Русија тоа е и всушност малку веројатно.