![Оливер Спасовски](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2020/07/Oliver-Spasovski.jpg?resize=640%2C369&ssl=1)
Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски во врска со дојавите за бомби кои станаа секојдневие на денешната прес-конференција изјави дека се на пат да се расчисти случајот во Кавадарци, но дека не можат да се добијат другите ИП адреси.
„Има штаб кој постојано работи на оваа проблематика и веднаш, не само Секторот за дигитална форензика туку на нашите меѓународни партнери се известуваат во однос на сите дојави со цел да добиеме помош. Најчесто станува збор за ВПН конекции кај кои не можете да добиете една точна ИП адреса туку се појавуваат илјадници ИП адреси во светот од тој провајдер што го имаме. Кај што има можност ги утврдуваме. Таков беше примерот во Скопје. Сега сме на пат да се расчисти случајот во Кавадарци. Очекувам деновиве да се состане Советот за координација на разузнавачките служби на кој ќе преземеме генерални мерки за борба против тероризмот”, изјави министерот Спасовски.