Путин: Русија ќе тргува со нови партнери и покрај западните санкции

Рускиот претседател Владимир Путин во четвртокот повторни дека Русија се свртува кон трговска соработка со нови партнери, вклучително и пренасочување на гасните токови кон соседите на истокот, со што полесно ќе се справи со западните санкции.

Путин во текот на седницата на Советот за стратешки развој и национални проекти, од која дел беше пренесува на телевизија, гои сумираше економските резултати за 2022 година и ги посочи клучните задачи за следната година.

Притоа посочи дека Русија поинтензивно ќе ги развива економските односи со партнерите во Азија, Африка и Латинска Америка, за да ги попречи напорите на Западот економски да ја изолира.

„Ќе ги отстраниме ограничувањата во логистиката и финансиите Западните земји со воведувањето на санкциите се обидоа да ја турнат Русија на периферијата на светскиот развој. Но никогаш нема да тргнеме по патот на самоизолација. Напротив, ја прошируваме и ќе ја прошируваме соработката со сите на коишто тоа им е во интерес“, додаде Путин.

„Покрената е невидена агресија со санкции против Русија. Таа имаше цел, за кусо време, суштински да ја уништи нашата економија, преку грабежот на нашите девизни резерви, да ја урне националната валута – рубљата, и да предизвика деструктивна инфлација. Таквите сметки, како што всушност гледаат сите, не се остварија“, рече Путин.

Рече дека по значителниот раст на цените во март/април на почетокот од воведувањето на западните санкции, ситуацијата во мај веќе била променила, како и дека од почетокот на годината руската рубља станала „една од најсилните валути во светот“.

Зборувајќи за приоритетите во економската сфера за следната година, Путин ги наброја споменатата преориентација на руската трговија се задржа и на енергетските ресурси, велејќи дека извозот на руската нафта, која исто така е опфатена со ограничувањата поради руската инвазија во Украина, во деветте месеци од годинава е зголемен за четвртина.

Поради обидот на западните земји во Европа да ја намали зависноста од руските енергенси, како и поради драстичното намалување на испораките од Русија, продажбата на енергија на континентот е остро намалена. Путин во врска со тоа рече дека продажбата на гасот во источните земји ќе биде засилена, и го повторни планот за градење нов „гасен јазол“ во Турција. Додаде дека ќе цените за продажба на гасот во Европа ќе бидат дефинирани со користење на „електронска платформа“.

Се очекува дека руската економија во 2022 година ќе падне за 2,5 отсто, рече Путин но истакна дека од 2023-та ќе започне работата на шест клучни области кои ќе овозможат да се достигнат националните цели утврдени до 2030 година.

„Според показателите за периодот јануари – ноември годинава, федералниот буџет бележи суфицит од 560 милијарди рубљи (околу 8,7 милијарди долари) … Истовремено, очекуваме генерално, тековната и следните години федералниот буџет да бележи мал дефицит, околу 2 отсто од бруто домашниот производ (БДП), и тоа ќе биде еден од најдобрите резултати меѓу земјите од Г20“, додаде Путин.

Меѓу другото, посочи на зацврстувањето на технолошкиот и финансискиот суверенитет, на одржливиот раст во преработувачката индустрија, растот на приходите на граѓаните, заштита на мајчинството и децата….