Јапонија се враќа на нуклеарната енергија

Јапонската влада во петокот најави враќање на нуклеарната енергија поради енергетската криза, повеќе од десет годни по катастрофата во Фукушима која го принуди Токио да ја запре работата на повеќе своите реактори.

Јавното мнение во Јапонија се сврте против нуклеарната енергија кога во март 2011 година катастрофалниот земјотрес и гигантското цунами предизвикаа тешки оштетувања на нуклеарната централа Фукушима Даучи и истекување радиоактивен материјал во океанот и околината, но расположението годинава се промени поради големиот скок на растот на трошоците на енергијата.

Јапонија, каде што земјотресите се речиси секојдневие, претходно немаше планови за градење нови реактори, но сега има намера да ги замени оние кои се вон функција и да го продолжи работниот век за другите, соопшти министерството за индустрија.

Пресвртот во енергетската политика доаѓа откако премиерот Фумио Кишида во август најави дека Јапонија ќе го разгледа развојот на реакторите од следната генерација. Тогаш министерството за индустрија наложи до крајот на годината да биде донесен план за проширување на употребата на нуклеарната енергија.

Владите ширум Европа и Азија, исто така, се ангажирани на продолжувањето на траењето на своите застарени нуклеарни централи, повторно во функција ги ставаат реакторите и ги изнесуваат претходно настрана ставените проекти, посебни напуштени по катастрофата во Фукушима.

Јапонија според својот стратешки енергетски план, кој владата го одобри минатата 2021 година, имаше цел да ја намали својата зависност од нуклеарната енергија колку е можно повеќе. Но новата насока која во петокот ја одобрила стручната група при министерството за индустрија, ќе овозможи постојните нуклеарни реактори да работат подолго од моменталното ограничување од 60 години, како и да се поддржи развојот на нови реактори.

За натамошните поединости ќе биде дискутирано во јапонскиот парламент следната година, соопштија од министерството. Се додава дека во минатата фискална година заклучно со март 2021 година, нуклеарната енергија сочинувала 3,9 отсто од јапонската електрична енергија, а целта на владата до 2030 година ќе го зголеми тој удел на дури 30 отсто.