Поранешната секретарка на германскиот нацистички логор, сега 97-годишната Ирмгард Фурхнер, прогласена е виновна за повеќе од 10.500 случаи на помагање во извршувањето убиства и осудена на две години условна казна, пресуди судот во вторникот.
Судот во германскиот град Ицехо, северно од Хамбург, во октомври 2021 година ја обвини Ирмгард Фурхнер, поранешна секретарка на нацистичкиот концентрационен логор Штутхоф, за вмешаност во повеќе од 11.000 убиства и обиди за убиства. Случајот беше разгледуван во советот за малолетнички работи, бидејќи во моментот на кривичното дело имала 18 па 19 години, осомничената била на возраст под 21 година. Се наведува дека одлуката на судот била во согласност со барањата на обвинителството.
Инаку во медиумите официјално идентификувана само како Ирмгард Ф според германските прописи за приватност, обвинетата била тивка во текот на поголемиот дел од судењето, а само пред крајот рекла „Жалам поради сето што се случи. Жалам што бев во Штутхоф во тоа време. Не можам да кажам ништо друго“.
Била ангажирана како секретарка на командантот на концентрациониот логор Штутхов, близу тогашниот отворен слободен град Данциг, сега полскиот балтички град Гдањск, од јуни 1943 до април 1945 година. Прогласена е виновна бидејќи им помагала на задолжените за управувањето со концентрациониот логор во систематското убивање на логорашите.
Концентрациониот логор Штутхоф е основан во 1939 година на територијата на окупирана Полска источно од Гдањск. Во логорот загинале околу 65.000 затвореници. Биле спроведувани медицински експерименти врз затворениците од Штутхоф, а сапун бил произведуван од човечки тела. Во моментов, на местото на концентрациониот логор е подигнат музеј.
Според информативната база создадена во соработка меѓу Институтот за современа историја Минхен-Берлин и споменикот Јад Вашем во Ерусалим, од 1945 година, речиси 38.000 истраги за нацистичките злосторства биле спроведени во поранешна Западна Германија, а 15.000 истраги во комунистиката Источна Германија до 1990 година. Според весникот Die Welt, само околу 17.000 луѓе завршиле пред судовите во Западна Германија под обвинение за нацистички злосторства, од кои 270 лица се осудени на долги казни затвор – од 10 години до доживотен.
Последниве години во Германија се одржаа неколку судења на поранешни работници на нацистички концентрациони логори. Оскар Гронинг беше осуден во 2015 година на 94-годишна возраст за соучесништво во убиство на најмалку 300.000 затвореници во концентрациониот логор Аушвиц и осуден на четири години затвор. Регионалниот суд во градот Нојрупин во германската сојузна покраина Бранденбург во јуни 2022-ра го осуди на пет години затвор 101-годишнот Јозеф Шуец, поранешен чувар во концентрациониот логор Заксенхаузен.