
Два волци побегнаа денеска од своето живеалиште во Зоолошката градина во Битола, пренесе локалната „Тера“ телевизија.
Едниот волк бил застрелан во обидот за бегство, а другиот заминал во шумата над Тумбе кафе.
Останатите два кои исто така биле сместени во живеалиштето, се префрлени во кафез.
Директорот на Зоолошката Коста Нешовски вели дека и нив не им е јасно како волците успеале да ја пробијат оградата. За случајот ја известиле битолската полиција, а нивните чувари се во состојба на готовност и ги презеле сите безбедносни мерки.