
Познатиот македонски рапер Марко Маринковиќ или нам добро познат како Слаткар се поли со кофа ледена вода откако беше предизвикан од генералниот директор на ОНЕ, Цирил Кафол.
Слаткар ги предизвика, Тајзи, Future INC и Ферус Мустафов да се полеат со вода.
Со ова тој им се приклучи на многуте луѓе од шоу бизнис кои го прифатија ледениот предизвик „Ice Bucket Challenge“ , односно се приклучија во хуманитарната мисија за подигнување на свеста и собирање на средства за здружението АЛС.