
Министерството за здравство донесе правлиник за функционирање на итната медицинска служба, кој предвидува практични обуки и дежурства за сите доктори и медицински сестри во Ургентните центри од 15 септември годинава.
За оваа цел 15 доктори од 15 градови низ Македонија ќе заминат на дополнителна едукација во Измир, Турција.
– Идејата е сите медицински лица во Ургентните центри да видат како функционираат нивните колеги од другата страна и да се стекнат со реални знаења и вештини, како и да се согледаат пропустите кои се правеле во текот на претходното работење, рече Тодоров.
Тој нагласи дека сите доктори и медицински сестри од 15 септември ќе бидат задолжени да дежураат по една смена два пати месечно, а комуникацијата во Ургентните центри ќе се врши преку тетра-комуникациски системи, со цел да не се губи скапоцено време при трансферот и примопредавањето на пациентите.
Дневно во Ургентните центри во Скопје се донесуваат по околу 20-тина пацинети кои се во животно загрозувачка состојба.