Приведен разбојник од Кочани: Во обид да одземе предмети од куќата, го претепал сопственикот

На 21.12.2022 во 21.50 часот, полициски службеници од Полициската станица Кочани го лишиле од слобода З.Н.(39) од Кочани.

Тој се сомничи дека извршил „разбојничка кражба“ во куќа на ул.„Наум Наумовски Борче“ во Кочани, каде при обид да одземе предмети од куќата, физички го нападнал сопственикот Н.П.(78).

По целосно документирање на случајот против З.Н. ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.