
Британскиот телевизиски канал Sky News објави сателитски снимки од речиси целосно затемнетата Украина, чијашто енергетска и друга инфраструктура е значително девастирана во континуираните руски ракетни и напади со беспилотни летала.
На споредбените снимки се забележува дека снабдувањето со електрична енергија во Украина во јануари, еден месец пред почетокот на руската инвазија, до декември значително е намалено. Тоа се одразува на затоплувањето на населението во услови на минусните температури, како и снабдувањето со вода.
Како што објави телевизијата, секое утро околу 1,30 часот сателитите Suomi и NOAA-20 на американската агенција за вселенски истражувања NASA летаат над Украина. Нивните моќни камери со обем на пијанино го снимаат пулсирањето на земјата: треперењето на уличните светилки, натписите на продавниците и светлината од прозорците на домовите. Двата сателита пренесоа снимки со висока резолуција ексклузивно за Sky News, колку тоа пулсирање ослабело, се наведува во прилогот.
Се додава дека деталната анализа на снимките покажала дека на крајот од ноември, украинскиот енергетски систем речиси целосно бил во дефект. Поради тоа, минатата седмица заменикот на шефот на кабинетот на украинскиот претседател, Кирило Томошенко, најави воведување вонредни исклучувања на струјата на територијата на целата земја.
Како што изјави премиерот на Украина, Денис Шмигал, речиси половина од енергетскиот систем на земјата не е во функција.
Украинската клучна инфраструктура е под жестоки ракетни и воздушни удари на руската војска од 10-ти декември, за што изговор беше експлозијата на Кримскиот мост, за кој Москва рече дека е терористичка агенција којашто во организација на тајните служби на Киев во соработка со разузнавањата на западните земји.
Истовремено руското Министерство за одбрана тврди дека не ја цели цивилната инфраструктира, туку само стратешката којашто ги намалува одбранбените способности на украинските сили.