
ЕВН, „Топлификација“, кабелските оператори и телефонските оператори нема да може да исклучуваат за неплатена сметка без знаење на корисникот и без решение. Тие ќе имаат обврска и пред евентуалното исклучување да поднесат постапка до Управниот суд.
Ова се предвидува во новиот закон за општа управна постапка за кој вчера се одржа јавна расправа. Професорот од Правниот факултет Борче Давитковски оцени дека со ова законско решение се нуди поголема заштита на правата на корисниците.
Според него, новиот закон за општа управна постапка е подготвен согласно со европските стандарди и начела со помош на експерти од ЕУ.
Министерот за информатичко општество и администрација Иво Ивановски се надева дека новиот закон ќе ја подобри работата на администрацијата, а граѓаните ќе бидат позадоволни од услугите.