Во реновираната спортска сала во Автокоманда, денес беа промовирани новите дресови на РК „Алкалоид“.
КУРИР ви пренесува во какви дресови ќе настапуваат ракометарите.
РК Алкалоид е формиран во 2021 година со примарна цел младите ракометни таленти кои имаат потенцијал и желба за напредок правилно да се насочат и да се развиваат во врвни играчи со позитивни животни вредности. Правилната работа, дефинираниот систем на функционирање, како и интегритетот и кредибилитетот во работењето се основните начела за кои се залага овој клуб.
Со организација на стручната работа, РК Алкалоид и неговиот тим од ракометни експерти ќе се стремат да им овозможат на ракометарите квалитетен и напреден тренажен процес, со цел нивно натамошно развивање и градење како врвни ракометари, кои ќе бидат столб на македонскиот ракомет.
РК Алкалоид по успешниот настап во дебитантската сезона во Првата лига обезбеди пласман во Суперлигата во сезоната 2022/2023. Прв тренер на тимот стана македонската ракометна легенда Кирил Лазаров. Во 2022 година формиран е и РК Мулти Есенс, екипа составена од помлади талентирани играчи кои формираат база на играчи што имаат младински репрезентативен потенцијал.