Ѓоковиќ: Се надевам дека публиката во Австралија ќе ме поддржи

Еден од најдобрите тенисери во историјата, 35-годишниот Новак Ѓоковиќ ќе настапи на престојниот Австралија Опен кој ќе се одржи од 16. до 29. јануари. Српскиот тенисер поради невакцинираност против Ковид-19 беше депортиран од Австралија и не настапи на големиот турнир оваа година, но се надева на поддршка од навивачите и добар настап на отварањето на сезоната.

„По се што се случи претходната година се надевам дека ќе бидам пречекан на вистински начин и тоа ќе ми помогне да го одиграм својот најдобар тенис. Во минатото секогаш имав шанса годината да ја започнам со силен настап и затоа многу сакам да играм таму“, вели Ѓоковиќ.