
Руското Министерство за одбрана ги нарече „целосна лага“ тврдењата на портпаролот на украинскиот Совет за национална безбедност и одбрана Андриј Лисенко дека според податоци на оперативното разузнавање на територијата на Украина загинале илјадници руски војници, објави МИА.
Портпаролот на Министерството, Игор Конашенков напомена досега повеќе пати е забележан механизмот на функционирање на украинската „информативна вртелешка“, во која измислени соопштенија преку повеќекратно повторување се претвораат во „реален факт“, што потоа го пренесуваат водечките западни медиуми.
– Денес недостига само последниот елемент од таа вртелешка, а тоа е објавување на таа лага во некој од водечките западни медиуми. Очигледно нема да чекаме долго, нагласи портпаролот на руското Министерство за одбрана.