Белата куќа го критикува гувернерот на Тексас поради испраќањето мигранти во Вашингтон

Белата куќа го обвини во понеделникот гувернерот на американската сојузна држава Тексас, Грегори Вејн „Грег“ Абот за загрозување животи откако на студената Бадникова вечер автобуси полни со мигранти од југозападната граница на Тексас беа истоварени близу куќата на потпретседателката Камала Харис во Вашингтон.

Републиканецот Грег Абот, истакнат критичар на имиграциските политики на претседателот Џо Бајден од Демократската парија, отфрли дека тој ги испратил автобусите со мигранти на Бадник, а неговиот кабинет не ја презема одговорноста за тоа.

Се проценува дека функционери во Тексас сместиле во автобуси 110 до 130 мигранти и баратели на азил во САД, а меѓу нив и семејства со деца, соопшти во неделата неолиберална активистичка група откако мигрантите стасале во американската престолнина.

„Гувернерот Абот остави деца крај патот на температурите под нулата на Бадник без координација со кој и да се сојузни или локални власти. Политичките игри ништо не постигнуваат и само загрозуваат животи“, тврдеше во понеделникот портпаролот на Белата куќа, Абдула Хасан.

Додаде дека администрацијата на претседателот Бајден има волха да бара решение на прашањето на миграциите со демократите и републиканците.

Од Тексас со автобуси се пренесени илјадници мигранти во Вашингтон, Њујорк и Чикаго, што некои критичари го сметаат за трик во екот на дискусиите на национално ниво за големиот број мигранти кои влегуваат во САД преку јужната граница, особено откако во Белата куќа стапна демократот Бајден.

Абот претходно изјави дека Тексас намерно ќе ги транспортира мигрантите со автобуси во градовите во кои на власт се демократите и се сметаат за мигрантски засолништа во кои локалните власти ја обесхрабруваат полицијата да ги депортира илегалните мигранти.

Во писмото од 20-ти декември, Аботи му пиша на Бајден дека неговата сојузна држава е преоптоварена со илјадници мажи, жени и деца коишто секојдневно доаѓаат во Тексас и се во опасност од смрзнување на улиците на тамошните градови. Неговиот апел остана без одговор.

Клаудија Тристан од организација за помош на мигрантите изјавила за Reuters во понеделникот дека речиси сите мигранти коишто биле истоварени во близина на куќата на потпреседателката Харис, веќе се на пат кон, како што тврдела, кон родници и пријатели кои ги имале во САД.