
И акуелниот демократски претседателот Џо Бајден и неговиот републикански претходник Доналд Трамп, го притискале водството на Twitter да не објавува одредени информации во врска со Covid-19, од свои причини. Ова го покажаа датотеките на платформата за микроблогирање кои ги објави новинарот Дејвид Цвајг, а со дозвола од новиот сопственик на компанијата Илон Маск, пишува дневниот весник The New York Post.
Во случајот на Трамп, неговите службеници ургирале да не се шири паника поради недостигот на храна кој го имаше во продавниците во САД, со тоа што било барано да се ублажат овие вести. На Бајден пак, му било битно да не се шират „дезинформации“ во врска со вакцините. Неговата администрација вршела директен притисок да се забранат профилите на антиваксерите, меѓу кои и на поранешен новинар на влијателниот американски весник, Алекс Беренсон.
Беренсон лани тврдел дека ризиците од вакцинацијата ги надминуваат придобивките кои САД ќе имаат. Twitter се согласил да го суспендира Беренсон во јули 2021 година, но вработените изјавиле дека потоа „тимот на Бајден“ сè уште „не бил задоволен“ од напорите за цензура на платформата и дека налутено барал да се „деплатформираат (уште) неколку сметки“.
Исто така, Twitter поставувал и ткн предупредувачки етикети на одредени профили. На пример, на еден епидемиолог од Харвард, кој тврдеше дека луѓето со „претходна природна инфекција“ не треба да се вакцинираат и кој ги означи како „лажни“ бројките за смртноста од Covid-19 кои администрацијата на Бајден редовни ги твиташе.
Како одлучувал Twitter кои точно профили да бидат угаснати или означени како со предупредување? Со комбинација од луѓе, но и од ботови со вештачка интелигенција.
Еден лекар бил етикетиран затоа што споделил научна студија која ја поврзувала вакцината со срцеви застои кај младите. Друг бил трајно суспендиран затоа што упатил на студија која вели дека вакцинацијата привремено го нарушува бројот на сперматозоиди кај мажите.
Уште поинтересно е дека кога поранешниот претседател Доналд Трамп ги повика своите следбеници да „не се плашат од ковид“ по неговото закрепнување од болеста, високите модератори на Twitter дебатираа за преземање акција против твитот, пред да заклучат дека „оптимистичката“ процена на Трамп не се смета за дезинформација.