Руската војска објави во вторникот дека нејзините единици продолжуваат со малите но континуирани напредувања по линијата на фронтот и дека им нанеле значителни загуби на украинските сили во текот на артилериските дуело на првата линија на боиштето од Херсон на југот до Харков на северот.
Руското Министерство за одбрана во дневниот брифинг, објави дека руските војски во борбите на граничните области на отцепениот доминантно руски украински регион Доњец, биле убиени 60 украински војници, додека во другиот одметнат регион Луганск во последните судири загинале уште 30 украински борци.
Притоа, како што со наведува во дневниот извештај на руската војска во Доњецк бил уништен „заедно со екипажот“ артилериски систем „М777“ од американско производство од кој биле гранатирани населби во самиот град Доњецк. областа.
Покрај тоа се известува дека во артилериските дуело во Доњецк и Луганск биле уништени три украински возила со повеќецевни ракетни системи „Град“ и „Ураган“.
Од Киев не го коментираа овие наводи, како што и во Москва не ги коментираат украинските наводи за руските загуби во борбите, а наводите и на двете страни речиси е невозможно да бидат потврдени од независни извори.
Во вторникот припадник на украинските вооружени сили преку апликацијата Telegram го потврди загинувањето на своите четворица соборци, објавувајќи ги нивните имиња и фотографии и вели дека тие загинале од експлозија на мина. Украинската војска претходно објави дека загинатите извршувале воени должности во рамките на борбата против руската инвазија.
А претходно во понеделникот руската служба за внатрешна безбедност ФСБ соопшти дека во неделата биле убиени четворица украински диверзанти кои се обиделе да ја минат руско-украинската граница во регионот Бријанск. Според прикажаниот видео-материјал, тие биле вооружени со оружје и муниција од западно производство, комуникациска и навигациска опрема, експлозиви и импровизирани експлозивни направи во обидот да извршат терористички напади на руска инфраструктура или против цивили.